За Denarior

Го изградивме Denarior за да донесеме контрола и прегледност во секојдневното работење на вашиот бизнис контрола и прегледност во секојдневното работење

Denarior е наш сопствен производ, изграден во WebPigment, дигитална агенција која развива веб решенија и софтверски продукти од 2018 година. Го создадовме како одговор на реален проблем: фрагментирани алатки, рачни процеси и недостаток на контрола во секојдневното работење. Го градиме софтверот што ние самите би сакале да го користиме: брз, јасен и прилагоден на начинот на кој реално работат македонските бизниси.

Сметаме дека македонските бизниси заслужуваат софтвер изграден за нив, не порачан од странски гигант со локализиран UI.

МК
Манифест на Webpigment
Скопје · 2026
Зошто го градиме ова

Тргнавме од проблем што никој не сакаше да го реши како што треба

Кога УЈП ја најави реформата за е-фактура, погледнавме какви опции имаат македонските бизниси. Постоечките сметководствени програми беа изградени во периодот на DOS, со интерфејси и логика што не се обновени со децении. Странските SaaS платформи беа речиси доволни, но никогаш целосно — без локална интеграција, без поддршка на македонски јазик и без разбирање на формуларот ДДВ-04.

WebPigment постои од 2018 година. Од тогаш развиваме WordPress платформи и дигитални производи за клиенти кои бараат повеќе од шаблонски решенија: банки, медиумски куќи, e-commerce брендови, фондации. Нашиот таглајн секогаш бил ист: “Sites that carry their weight.” Сајтови што ја носат својата тежина.

Denarior е нашиот прв end-to-end производ. Не е порачан, не е лиценциран, не е форк. Го изградивме од нула, во Скопје, за луѓе кои секој ден издаваат фактури, прават затворања и ги предаваат своите ДДВ-04 формулари. Целта не е да бидеме најголеми. Целта е да бидеме мерка за квалитет на пазарот.

5
професионалци во тимот
10+
години искуство на Webpigment
20+
бизниси на бета-листата
100%
подготвени за е-Фактура
Распоред

Нашата приказна

Од агенција во Скопје до софтверски производ за македонскиот пазар. Повеќе од една деценија искуство, фокус на Denarior и јасна визија дека бизнис алатките можат да бидат подобри.

  1. 2018
    Webpigment основана во Скопје
    Ја основавме WebPigment во Скопје како дигитална агенција за веб развој. Прв тим од четворица, прв клиент од американскиот пазар. Темелот од кој подоцна израсна Denarior, преку години работа со бизниси кои бараа повеќе од шаблонски решенија.
  2. 2025
    Старт на Denarior како интерен производ
    Кога УЈП ја најави е-Фактура реформата, започнавме да градиме внатрешен ERP. Прв прототип за месец дена, прв реален корисник во август. Фокус: брзо фактурирање, е-Фактура интеграција и интерфејс на македонски јазик.
  3. 10/2025
    Затворена бета со првите 20 бизниси
    Denarior стана достапен по покана. 20 бизниси од Скопје, Битола, Тетово и Прилеп влегоа во затворената бета: сметководствени бироа, е-commerce продавачи и мали производни фабрики кои го обликуваа производот со директен фидбек.
  4. 07/2026
    Јавно лансирање на Denarior
    Излегуваме од затворена бета и Denarior станува достапен за сите бизниси без покана. 14 дена бесплатен пробен период со сите модули вклучени, партнерски пакет за сметководители и стабилна верзија подготвена за продукциско оптоварување.
  5. 10/2026
    Е-Фактура задолжителна за сите ДДВ обврзници
    Од 1 октомври 2026, сите ДДВ обврзници во Македонија мораат да поднесуваат е-Фактури до УЈП. Подготвени сме целосно: XAdES BES дигитален потпис, мултивалутна работа, тест и продукциска околина и автоматски polling на статусите.
Тимот

Запознајте го тимот

Мал, фокусиран тим со заедничка цел: да создадеме ERP систем што компаниите навистина ќе сакаат да го користат. Работиме директно, внимателно и секогаш со корисникот во центарот.

Митко Кочковски

Co-founder & CEO
Скопје

Визионерот зад Denarior. Со години искуство во градење дигитални производи, го постави темелот на платформата од нула. Верува дека добриот софтвер треба да се чувствува невидлив.

Давид Шојиќ

Project manager
Куманово

Го држи тимот на правиот пат – со план, рок и добро расположение. Се грижи секоја функционалност да стигне до корисникот на време и точно онака како што треба.

Мила Радоњиќ

HR
Скопје

Се грижи луѓето зад Denarior да бидат на вистинското место – мотивирани, поддржани и со јасна улога во тимот. Ако компанијата функционира добро, тоа се должи на неа.

Оливера Триманова

Маркетинг
Велес

Го носи Denarior до вистинската публика – со права порака, во вистинско време. Спојува аналитика и креативност за резултати кои се гледаат.

Мартин Јанков

Web Developer
Скопје

Го гради она што го дизајнираат другите – брзо, чисто и без изговори. Ако нешто работи беспрекорно, Мартин сигурно имал прсти во тоа.

Марија Ваневска Укиќ

Product Designer
Скопје

Секој пиксел во Denarior поминал низ нејзини раце. Дизајнира со цел – секој екран да биде јасен, логичен и пријатен за употреба.

Што нè води

Принципи на работење

Не е филозофија. Тоа се одлуките кои ги носиме секој ден, кога треба да избереме помеѓу побрзо и подобро, или помеѓу повеќе функции и помалку шум.

01

Професионалност

Секој пиксел, секој API call, секоја реченица од техничка поддршка минува низ ист квалитативен филтер. Се грижиме за работите кои корисниците никогаш нема да ги видат, затоа што тие се основа на нештата кои ќе ги видат.

02

Брзина

Секоја секунда чекање на софтвер е секунда одземена од вашиот ден. Нашата цел: фактура издадена за под 30 секунди, ДДВ извештај генериран за 3 клика, поддршка одговорена за 4 минути во работно време.

03

Транспарентност

Roadmap-от е јавен. Корисниците добиваат навремени известувања за секоја промена на системот: нови функционалности, исправки, миграции и одржувања. Кога има проблем, прво слушате од нас. Не правиме мали букви во договорите.

04

Локално

Изградено во Македонија, со поддршка и документација на македонски јазик. Состаноците со клиентите во Скопје ги одржуваме лично. Не сме странски „scale-up" што аутсорсира работа на нискобуџетни пазари. Ова е нашиот пазар и нашиот фокус.

Видени во