Што овозможува Denarior — и што следува понатаму
Denarior е модуларна платформа изградена за раст на вашиот бизнис. Располагате со веб апликација за секојдневните операции, десктоп апликација за фискални процеси и каса, како и можност за развој на нови модули согласно вашите потреби.
Не верувам дека еден софтвер може да ги покрие сите бизниси одеднаш. Но верувам дека еден систем може да расте заедно со вас — модул по модул.
Плаќате само за функционалностите што ги користите
Denarior е изграден како модуларен систем, каде секоја функционалност постои како независен модул. Доколку ви е потребно фактурирање — го активирате. Кога ќе се појави потреба за управување со залихи — едноставно го додавате. Истото важи и за напредни функционалности, како онлајн продажба со синхронизација.
Овој пристап овозможува секој бизнис да користи токму онолку колку што му е потребно — без непотребна сложеност и без дополнителни трошоци. Малите компании не плаќаат за функционалности што не ги користат, додека растечките бизниси имаат систем што се прилагодува на нивниот развој.
Доколку ви е потребна функционалност што сè уште не постои, можете директно да нè контактирате. Развојот се води според реални потреби — без зависност од глобални roadmap-и и ограничувања на странски ERP решенија.
Што можете да правите од било кој браузер
Шест широки правци во кои Denarior веќе работи. Секој од нив е составен од помали модули што се палат по потреба.
Издавајте фактури за неколку секунди
Излезни, влезни, проформи, рекурентни, фискални. Поднесување до УЈП со дигитален потпис, преземање PDF и ASiC, цел циклус — без рачно копирање.
Управувајте магацин и залихи
Една локација или повеќе, lot tracking и сериски броеви, трансфери со дигитален потпис, минимални/максимални аларми. Залихата секогаш одговара на сметководството.
Гледајте го паричниот тек во реално време
Прилив, одлив, FIFO авто-распределба на уплати, парсирање на банкарски изводи. Знаете каде стоите без месечно затворање во Excel.
Автоматска ДДВ пресметка и извештаи
Автоматска ДДВ-пресметка и финансиски извештаи Следење на влезен и излезен ДДВ, признати и непризнати трошоци, квартални пресметки, profit и demand forecasting. Извештаите и пријавите се подготвени за поднесување кон УЈП.
Поврзете онлајн продавница и POS
WooCommerce двонасочна синхронизација, Click & Collect, Coffee Shop / ресторан POS, B2B портал за деловни клиенти. Една залиха, повеќе канали.
Активирајте ги само модулите што му се потребни на вашиот бизнис
Со Module Config Manager и multi-tenant архитектурата, Denarior овозможува една инсталација за управување со повеќе компании. Започнете со основен сет на функционалности, а надградбите активирајте ги постепено, според растот и потребите на бизнисот — без сложени миграции или прекин во работењето.
За касата, фискалните операции и моменти кога нема интернет
Десктопот е одделна апликација за Windows, macOS и Linux. Печати фискални сметки на термички принтер, отвара и затвара смена, прави X и Z извештај, и автоматски се синхронизира со backend-от штом интернетот ќе се врати.
Готови решенија за специфични индустрии
Покрај општиот сет на функции, имаме модули градени за конкретни вертикали. Ако вашата индустрија не е тука, прескокнете до следната секција.
Кафе & ресторан
Table layout, кујна display, менаџмент на менија, рецепти со ингредиенти, готовина / картичка / подели сметка.
Производство
Recipes со верзии, производни batches, BOM, базни и готови производи, автоматска пресметка на cost per unit.
Туристичка агенција
Тури, дестинации, типови соби, патници со документи, уплати и аранжмани, статуси на резервации.
Транспорт и flota
Возачи со сертификати, fuel tracking, рути, деливерии, fleet management со одржување.
B2B / Велепродажба
Деловни клиенти со логин, самопослужување за нарачки, авто-одобрување до лимит, payment terms.
Малопродажба
Multi-location залиха, Click & Collect, retail insights со маржа по час, серии и lot броеви.
Кажете ни што ви треба — веројатно ќе го изградиме
Овој список расте секој месец. Поголемиот дел од модулите што денес се тука почнаа како барање од конкретен клиент. Ако вашиот случај има логика и можност да помогне на повеќе фирми во иста индустрија, доаѓаме во ист тек на работа.
Опишете го случајот
15-минутен повик за да го разбереме процесот, корисниците и крајниот исход.
Добивате понуда и тек
Конкретен опсег, време на испорака, цена. Пишано, без изненадувања.
Модулот стапува во работа
Влегува во вашата инсталација, и опционално во основниот сет за следните корисници.
Активирано само за она што ви треба
Не плаќате за модули што не ги користите. Регистрирајте се, изберете го стартниот сет, и почнете за неколку минути.